• Горан Упале
Некогаш немилосрдно ги тресеше противничките мрежи, а сега дебитираше на официјален тениски турнир. Диего Форлан ја започна својата тениска кариера на 45-годишна возраст.
Поранешниот уругвајски репрезентативец и најдобриот стрелец на Светското првенство во Јужна Африка реши по фудбалската кариера да се впушти во нова авантура. Форлан отсекогаш бил голем љубител на тенисот. Посетуваше турнири во периоди кога немаше обврски клубовите и репрезентацијата, а по завршувањето на фудбалската кариера посериозно навлезе во тениската игра.
Diego Forlan at the net! #ATPChallenger | @DiegoForlan7 pic.twitter.com/p24PQgTVxJ
— ATP Challenger Tour (@ATPChallenger) November 14, 2024
Форлан доби шанса да дебитира во родната земја. Во Монтевидео моментално се игра турнирот од серијата „Челинџер“, каде поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид и Интер играше во двојки со 101-от играч на светот, Федерико Корија.
Тие добија специјална покана за турнирот, но сепак не успеаја да победат. Загубија во два сета од Борис Аријас и Федерико Себаљос со 6-1, 6-2 по само 47 минути. Сепак, шоуто не се заборава. Трибините беа преполни, а Форлан беше пречекан од навивачите како најголема тениска ѕвезда.