Бертенс испиша историја и без загубен сет го освои Мадрид

Кики Бертенс

Холанѓанката Кики Бертенс победи на турнирот во Мадрид со сигурна игра во финалето против Симона Халеп (6-4, 6-4).

За првпат во историјата на турнирот, кој тенисерките го играат од 2009 година, победничката го освои трофејот без ниту еден загубен сет.

  • Извештај од финалниот меч:

Во двата сета против првиот светски рекет, Бертенс направи брејк повеќе и стигна до деветтата ВТА титула во својата кариера.

  • ТОП 5 поени на Бертенс во Мадрид:

Оваа победа на 27-годишната холандска натпреварувачка од понеделник ќе и го донесе четвртото место на светската ранг листа.