Беретини: Ноле е неверојатен шампион, тој испишува историја во спортот!

Матео Беретини одигра одличен турнир во Лондон, но загуби во финалето на Вимблдон од Новак Ѓоковиќ со 3-1. 

Италијанскиот тенисер го изнесе своето мислење, откако му беше доделен сребрениот трофеј за второто место на турнирот. Тој го пофали Ѓоковиќ, зборуваше со епитети за него и порача дека сака да продолжи со добри резултати и игри. 

„Имам неверојатни чувства по ова финале, можеби и пресилни за да се справам со нив. Загубив од Новак кој беше подобар од мене, тој е неверојатен шампион. Честитки до него уште еднаш, тој испишува историја во овој спорт и заслужува пофалби. 

Среќен сум за моето прво Грен слем финале, но се надевам нема да ми биде последно. Ова за мене не е крајот, напротив сакам да биде старт на успешна кариера. Вистинска чест е да бидам тука, имав добри две седмици. Не би можел да посакам повеќе, или сепак, само малку повеќе ќе беше подобро“, со шега заврши Италијанецот. 

Ѓоковиќ го освои својот 20-ти Грен слем трофеј и се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал на „вечната листа“, додека за Беретини ова беше дебитантско финале на големите турнири.  

Најнови вести од
Вимблдон