• Иван Димовски
Матео Арналди се пласираше во полуфиналето на Ролан Гарос, откако неговиот сонародник Матео Беретини беше принуден да го предаде четвртфиналниот натпревар поради повреда. Арналди водеше со 7-5 и 5-2 кога Беретини реши да се повлече, откако во текот на мечот очигледно имаше проблеми со левата нога.
За Беретини ова беше најдобриот настап на Грен слем турнир во последните неколку години, но повторно не успеа да го заврши турнирот поради здравствени проблеми.
Во полуфиналето Арналди ќе игра против уште еден Италијанец, Флавио Коболи, кој претходно го елиминираше Феликс Оже Алијасим. Така јасно е дека Италија ќе има барем еден претставник во финалето на турнирот.
Второто полуфинале во Париз ќе го донесе дуелот меѓу Александар Зверев и Јакуб Меншик.




