ВИДЕО: Бердих потклекна пред Чунг, Чориќ со нова лесна победа на Индијан Велс

Хјеон Чунг

Сензацијата од Јужна Кореја на Австралија Опен, Хјеон Чунг, вчера докажа дека не случајно шокираше неколку фаворити на првиот Грен слем во сезоната. Младиот Кореец го надигра Томаш Бердих во два сета (6-4, 6-4) и обезбеди место во следната рунда на Мастерсот во Индијан Велс, каде ќе го чека подобриот од дуелот Доминик Тием и Пабло Куевас.

Уште еден млад тенисер доминира на терените во Индијан Велс, а тоа е Хрватот, Борна Чориќ. Тој вчера немаше проблеми против искусниот Роберто Баутиста-Агут, кого го победи со рутински 6-1, 6-3. Во наредниот меч, хрватскиот тенисер ќе се сретне со домашниот натпреварувач, Тејлор Фриц, кој го изненади Фернандо Вердаско од Шпанија.

Потешко од очекуваното, Кевин Андерсон го победи Николас Кикер од Аргентина со два добиени сета во тај-брејк (7-6/1, 7-6/3).