Бенчиќ против Кербер, Свитолина со Андрееску на Индијан Велс

Белинда Бенчиќ ќе ја предизвика Анжелика Кербер, додека Бјанка Ванеса Андрееску ќе игра со Елина Свитолина, во рамки на полуфиналето на мастерс-турнирот во Индијан Велс, во женска конкуренција.

Бенчиќ во четвртфиналето беше подобра од Каролина Плишкова. Швајцарката славеше со 2-1 во сетови (6-3, 4-6, 6-3) и обезбеди пласман во наредната рунда.

Анжелика Кербер, пак, со 2-0 (7-6, 6-3) славеше над 36-то рангираната светска тенисерка Венус Вилијамс.

Мечевите меѓу Бенчиќ и Кербер, односно Андрееску и Свитолина, закажани се за вечерва од 20:00 часот.