Бенчиќ приреди изненадување и по два брејка ја елиминира Андреева

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ е последната полуфиналистка на Вимблдон. Бенчиќ приреди изненадување во четвртфиналето и ја елиминираше младата Русинка Мира Андреева по два тајбрека (7-6/3, 7-6/2).

На тој начин, моментално 35-тенисерка на планетата го обезбеди своето второ Грен слем полуфинале во кариерата.

Андреева беше фаворит во овој меч, но Бенчиќ покажа дека нејзините претходни триумфи во Лондон не беа обична случајност. Бенчиќ беше постабилна кога се кршеше резултатот, односно во двата тај-брејка.

Нејзин следен ривал ќе биде Ига Швјонтек, додека другиот полуфинален пар го сочинуваат Арина Сабаленка и Аманда Анисимова.

ФОТО/PHOTO: Wimbledon (Х)