Бенчиќ го запиша најголемиот успех во кариерата со тениско злато на ЛОИ!

Швајцарската тенисерка Белинда Бенчиќ го оствари најголемиот успех во кариерата откако триумфира во женското тениско финале на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и го освои златниот медал.

Девојката која беше деветта носителка на турнирот во финалето по тешка борба ја совлада Чехинката Маркета Вондроушова, од која беше подобра со 2-1 во сетови (7-5, 2-6, 6-3). Со триумфот во финалето во Токио, Швајцарија го освои првиот медал во женска конкуренција во историјата.

Бенчиќ го освои златото, среброто заминува во рацете на Вондроушова, додека бронзениот медал го освои Свитолина.

V

Швајцарката има шанса да освои уште едно тениско злато, затоа што во двојки е во финалето со партнерката Голубиќ, со која ќе играат против Крејчикова и Синаикова (недела, 8:00 часот).