Бенчич го освои „Кремљ Купот“ и обезбеди место на Мастерс Купот во Шенжен

Белинда Бенчич oд Швајцарија е победничка на „Кремљ Купот“ во Москва, откако во драматично финале ја победи домашната тенисерка Анастасија Пављученкова со 3-6, 6-1, 6-1. 22-годишната Бенчич се врати по загубениот прв сет и многу доминантно ги освои следните два за прв освоен турнир во руската престолница. 

Бенчич со овој трофеј обезбеди место меѓу најдобрите осум тенисерки во 2019 година. Место на Мастерс Купот обезбедија и Ешли Барти, Каролина Плишкова, Симона Халеп, Бјанка Андрееску, Наоми Осака, Петра Квитова и Елина Свитолина. 

Овој завршен турнир, кој ќе се игра во Шенжен во Кина, има награден фонд од 14 милиони долари.