Бекер откри како го научи Ѓоковиќ да се справи со играта на Надал

Ѓоковиќ Бекер

Србинот Новак Ѓоковиќ го декласира Рафаел Надал во финалето на Австралија опен и го освои третиот Грен слем турнир во низа.

Легендарниот Борис Бекер, кој е поранешен тренер на српскиот тенисер, откри за јавноста со кој рецепт го научи Ѓоковиќ да биде голем проблем дури и за „бикот од Мајорка“.

„Новак не можеше да поверува дека со офанзива и напад на форхендот на Надал би можела да се „скрши“ неговата игра. За многумина тоа би било самоубиство, но квалитетот на бекхендот на Ѓоковиќ можеше лесно да му донесе шаблон за позитивен резултат против Шпанецот.

Меѓутоа зависи многу од играчот. Не може секој на тој начин да се справи со Надал. Таквиот пристап бара голема физичка, психичка и тактичка подготовка, на која малкумина се подготвени“ , вели Германецот.

Следен предизвик за најдобриот светски тенисер ќе биде Ролан Гарос, каде што неприкосновен владетел е токму Рафаел Надал.