• Горан Упале
Познатиот германски тенисер Борис Бекер проговори за евентуалното враќање на Рафаел Надал на тениските терени.
„Бикот од Мајорка“ го нема од Отвореното првенство на Австралија, кога на мечот со Мекензи Мекдоналд се здоби со повреда на колкот, од која сè уште заздравува. Надал, освојувачот на 92 титули, од кои 22 Грен слемови, планира да се врати на терените на почетокот на следната сезона, иако сето тоа е сè уште во мрак.
„Надал е сечиј идол. Милиони фанови ширум светот сакаат да го видат назад на тенискиот терен, а не на прес-конференција, каде што тој изјави дека можеби нема да може повторно да игра. Верувам дека никогаш нема да се врати ако не гледа дека има шанси. Значи, тој не се враќа да игра во првото или второто коло, тој се враќа за да освојува турнири“, рече Бекер.
Фокусот на Рафа секако ќе биде сезоната на земјена подлога, Ролан Гарос, но и Олимписките игри во Париз.