Бекер кон Ноле: Момче, време е да ги исчистиш патиките, да го „поправиш“ рекетот и да се вратиш!

Се наближува почетокот на втората четвртина од тениската сезона оваа година, а некогашниот најдобар тенисер, Новак Ѓоковиќ, е во длабока сенка на легендарните Надал и Федерер, не само на теренот, туку и во медиумите. 

В недела во Мајами ќе гледаме ново тениско „Ел Класико“ меѓу Федекс и Рафа, а по вчерашната победа на Швајцарецот над Ник Кирјиос, поранешниот тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер на Твитер остави доста интересен коментар. 

„Се надевам дека ова го гледа Новак Ѓоковиќ. Момче, време е да ги исчистиш патиките, да го „поправиш“ својот рекет и повторно да се вратиш“.

На стартот на оваа сезона, Ноле го освои турнирот во Дубаи, но во продолжение забележа неколку изненадувачки порази. Најпрво од Истомин беше поразен во второто коло на Австралија Опен, а потоа двапати загуби од австралијанскиот тенисер Ник Кирјиос.