Баутиста-Агут со најголем успех во кариерата, Ѓоковиќ го чека во полуфиналето

Баутиста Агут

Шпанецот Роберто Баутиста-Агут стигна до прво историско полуфинале на еден Грен слем турнир. 31-годишникот денес го надигра Гуидо Пела од Аргентина во меч со четири сета (7-5, 6-4, 3-6, 6-3).

Благиот фаворит на денешниот меч започна одлично и поведе со 2-0. Се чинеше дека нема да има проблеми да стигне до нов рутински триумф на терените во Лондон, но тогаш се разбуди неговиот противник.

Аргентинскиот тенисер ја врати неизвесноста и го доби третиот сет со 6-3. Неговата игра значително падна кога беше најпотребно, а тоа го искористи Баутиста-Агут за да го зададе завршниот удар.

Најпрво побегна на 4-1 и предноста ја задржа до крај за да го оствари најголемиот успех во кариерата. Полуфинален противник ќе му биде Новак Ѓоковиќ кого го победи на последните два меѓусебни меча.