Бајката продолжува, Лоис Боасон ја исфрли Андреева и закажа полуфинале со Коко Гоф!

Фрацузинката Лоис Боасон ја продолжува својата бајка на Ролан Гарос и се пласираше во полуфиналето, откако ја елиминираше Русинката Мира Андреева со конечни 0-2 во сетови (7-6/6 и 6-3). 

Беше видена огромна борба, особено во првиот сет, а Боасон одигра најдобро кога беше најпотребно и го заокружи триумфот за два часа и десет минути. Ова е нов сезнационален резултат за 361. тенисерка во светот, која успеа да ја исфрли шестопласираната на ВТА листата. 

Публиката ја поздрави со стоечки овации, а Боасон сигурно ќе има огромна поддршка и во полуфиналето, каде ќе се сретне со Американката Коко Гоф, која ќе важи за огромен фаворит на овој дуел.