Бајката на Зиданшек продолжува, Пављиченкова по десет години пак ќе игра четвртфинале на РГ

Руската тенисерка Анастасија Пављиченкова приреди изненадување во Париз и со победата над Викторија Азаренка со 2-1 во сетови (5-7, 6-3, 6-2.) се пласира во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Некогашната најдобра млада тенисерка на светот, со овој успех по цели десет години се враќа меѓу најдобрите осум на Отвореното првенство на Франција, а во борбата за полуфинале ќе се сретне со подобрата од последниот осминафинален дуел меѓу Серена Вилијамс и Рубанкина. 

Словенечката тенисерка Тамара Зиданшек продолжува да блеска на Ролан Гарос, и својот одличен настап на земјената подлога во Париз го круниса со за неа историско четвртфиналето. 

23-годишната Зиданшек со сигурни 2-0 (7-6/4) 6-0 славеше над Соран Кирстеа од Романија и во четвртфиналето ќе се сретне со Бадоса, која беше поуспешна од Вондроусова.