„Австралискиот Хрват лажеше дека е заразен со ковид-19 затоа што е – Балканец“

Беше уверен дека е заразен со коронавирус, меѓутоа до официјална потврда за тоа не стигна. Контроверзниот Бернард Томиќ повторно е во центарот на вниманието кај тениската јавност, откако овој пат го лажеше светот дека е заболен со вирусот ковид-19.

Пред неколку дена изјави дека не се чувствува добро и е во само изолација, но властите не сакале да го тестираат.

„Не се чувствувам добро, имунитетот ми е паднат и како што ме советуваа, во самоизолација сум веќе неколку дена. Не се тестирав, но ги имам сите симптоми“, тврдеше 27-годишниот тенисер.

Во превод, Томиќ бил уверен дека е заразен со коронавирус, но потврда за тоа сè уште нема, а според Андреа Петковиќ ова е уште една голема лага во режија на контроверзниот тенисер.

„Редовно зборува глупости, а оваа му е последна. Се слушнав пред неколку дена со него и призна дела лаже. Не знае зошто го направил тоа. Сите знаеме дека тој е бунтовник, тоа е заради неговиот балкански карактер“, вели германската тенисерка која исто како Томиќ влече балкански корени, затоа што е родена во Тузла (Босна и Херцеговина). 

Tомиќ во овој момент е на 202-та позиција на АТП листата а неговата очајна форма ја потврди пред еден месец, кога на турнир во Њујорк загуби за само 39 минути. 

<<< ПОВРЗАНО - Невидена бламажа на Томиќ, загуби квалификациски меч за само 39 минути