Австралиската сензација Ешли Барти го освои Ролан Гарос!

Светот на женскиот тенис е сведок на едно од најголемите изненадувања во историјата. Младата австралиска тенисерка Ешли Барти првпат во кариерата освои Грен слем турнир, откако го подигна големиот пехар на Ролан Гарос.

  • Извештај од мечот: 

Таа во финалето славеше против Маркета Вондрусова со 6-1, 6-3 во целосно нерамноправен дуел.

За деветтата носителка на турнирот ова значи чек од преку еден милион евра и од понеделник ќе се искачи на второто место на ВТА ранг-листата. Овој турнир е еден од најсензационалните во историјата на единствениот голем турнир на земја. 

Барти и првата Австралијанка која победи на Ролан Гарос по Маргарет Корт во 1973 година.