• Зоран Мишевски

Тенискиот спорт по многу нешта ќе биде различен во 2021 година. Австралијан опен ќе се игра без линиски судии, соопшти организаторот. Поради коронавирусот, учесниците ќе треба да минат 14-дневен карантин, па потоа ако нивните тестови бидат негативни, ќе настапат на турнирот.
Работата на линиските судии ќе ја има „хок-ај“ системот. Минатата година без линиски судии се играше Мастерсот во Синсинати, а на УС опен, линиските судии беа присутни само на трите најголеми терени.
Турнирот ќе почне на осми февруари, а две недели претходно во Катар ќе започнат квалификациите.