Австралија приреди изненадување, „кенгурите“ во Дејвис Куп полуфинале!

Дејвис Куп репрезентацијата на Австралија приреди големо изненадување и ги совлада Соединетите Американски Држави во четвртфиналето во шпанската Малага со 2-1 во севкупни поени. 

Клучниот поен за „кенгурите“ го освои дублот Ебден/Томпсон, кои славеа над Томи Пол и Бен Шелтон со 2-0, по сетови 6-4 и 6-4. Најпрво Танаси Кокинакис го совлада Бен Шелтон со 2-1, (6-1, 4-6 и 7-6/14), а потоа Тејлор Фриц го возврати ударот во дуелот со Алекс де Минер (6-3 и 6-4). 

Мечот во двојки беше одлучувачки за Австралија и нивниот тим патува во полуфиналето на завршниот турнир во Дејвис Купот. За пласман во мечот за трофејот „кенгурите“ ќе се борат против подобриот од дуелите меѓу селекциите на Аргентина и Италија.