АТП ранкингот без промени, Ѓоковиќ се приближува кон рекордот на Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ започна нова недела на челната позиција од АТП ранг листата и сега е уште еден чекор поблизу до соборување на рекордот на Роџер Федерер

Моменталниот лидер меѓу тенисерите досега има 293. седмици на првото место, додека на вечната листа Швајцарецот води со 310, а на третото место веќе остана Пит Сампрас со 286. 

Ѓоковиќ се бореше на турнирот во Виена, каде требаше да мине две рунди со цел и математички да го обезбеди лидерското место на крајот од годинаа и успеа во тоа по шести пат. До крајот на годината најдобрите тенисери ќе се сретнат уште на Мастерс турнирот во Лондон, кој ќе означи крај на сезоната. 

На новата ранг листа нема значајни промени, а тоа е пред се поради малиот број на поени кои се во игра на АТП турнирите во моментов.