АТП листа: Ѓоковиќ неприкосновен на врвот и покрај победата на Надал во Париз

Новак Ѓоковиќ АТП листа

Србинот Новак Ѓоковиќ остана на чело на АТП листата, на која ќе ја започне 255-та недела како лидер.

Тој има 12.715 поени и зад себе го остави Рафаел Надал кој заостанува и покрај освојувањето на титулата на Ролан Гарос.

Роџер Федерер е на третата позиција, а потоа следуваат Доминик Тием, Александер Зверев, Стефанос Циципас, Кеи Нишикори, Кевин Андерсон, Карен Качанов и Фабио Фоњини, кој дебитира во ТОП 10 листата.

Српскиот тенисер полека се доближува до рекордот на Федерер кога се во прашање неделите поминати на првата позиција на АТП листата.