АТП донесе нови правила за паузите за тоалет и медицинските тајм-аути

Новак

Асоцијацијата на професионални тенисери (АТП) ги промени правилата во врска со паузите за тоалет и медицинските тајм-аути.

Многу прашина се крена околу оваа тематика во изминатата година. Големи критики беа упатени кон Стефанос Циципас, но и кон Новак Ѓоковиќ, кој во неколку наврати искористи пауза, па се врати и направи прсврт на мечевите.

Кога некој тенисер сака да користи тоалет, тоа ќе може да го направи во период од три минути и тоа еднаш во цел меч, по завршување на некој од сетовите. Дополнителни две минути ќе бидат овозможени за промена на опремата.

Што се однесува на медцинските тајм-аути, пак, тенисерите ќе можат да ги користат еднаш во секој меч во траење од три минути. Докторот ќе добие шанса да се појави на теренот при промена на страни или на крај од сет.