Арапите прават спектакл: „Слем на шесте крала“ вреден 6.000.000 евра!

Саудиска Арабија го носи и врвниот тенис во земјата, затоа што подготвен е „Слемот на шесте крала“, турнир кој ќе привлече големо внимание и ќе се игра во октомври.

Ријад, главниот град на арапската земја, ќе биде домаќин на шесте најдобри тенисери во светот и ќе организира турнир со најголемиот награден фонд за победникот во историјата на тенисот.

Покани има за Јаник Синер, Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Данил Медведев, Рафаел Надал и Хелгер Руне. Наградите се 1,5 милиони евра за секој тенисер-учесник на овој турнир, а победникот ќе добие вртоглави шест милиони евра.

Турнирот се очекува да се игрра од 16 до 19 октомври, со тоа што 18 октомври ќе биде слободен ден. Овој турнир ќе биде подлога за организација на посакуваниот мастерс во Ријад од 2025 година, кој на програмата се очекува да биде пред Австралијан Опен.