• Горан Упале
Аманда Анисимова влезе во финалето на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави со еден голем адут – шест победи во девет мечеви против Арина Сабаленка, од кои последниот беше исто така во важен дуел - пред два месеци во полуфиналето на Вимблдон.
Но, исто како и во Лондон, таа го напушти финалето со наведната глава, но не се посрамоти како на Вимблдон (6-0, 6-0 пораз од Швјонтек). Таа загуби од Сабаленка со 6-3, 7-6/3.
„Повторно бев во втор план. Не го играв мојот најдобар тенис. Се чувствувам многу нервозно во финалето. Премногу брзав и затоа немав добар ритам. Знаев дека морам да бидам поагресивна од неа за да победам. Таа го одигра целиот меч одлично. Честитки до Арина“, рече Анисимова.
Најголемата шанса младата тенисерка ја имаше во финишот. Се одбрани кога Сабаленка сервираше за титулата на 5-4, но не можеше да го заврши пресвртот.
You were formidable this fortnight, Amanda pic.twitter.com/3lDrPr1T2V
— US Open Tennis (@usopen) September 6, 2025
Како утешна награда Анисимова го доби најголемиот чек за загубено финале во историјата на турнирот - 2,5 милиони долари. Овогодинешниот турнир на Соединетите Американски Држави имаше рекорден награден фонд од дури 90 милиони долари.



