• Горан Упале
Во овогодинешното финале на женскиот турнир од Вимблдон ќе се води битка помеѓу Ига Швјонтек и Аманда Анисимова, која приреди сензација со нокаутирањето на првата светска тенисерка Арина Сабаленка.
Анисимова стигна до своето прво финале на Грен слем турнирите по драматичната победа во три сета над фаворитката од Белорусија (6-4, 4-6, 6-4). Сабаленка, иако беше главен фаворит за титулата, не успеа да го пронајде вистинскиот ритам во клучните моменти, додека Анисимова делуваше самоуверено. Американката имаше многу проблеми со мотивацијата и концентрацијата во текот на целата кариера, но против Сабаленка беше совршена во двата сегмента.
Од друга страна, полската тенисерка ги оправда очекувањата. Во второто полуфинале, таа лесно ја победи Белинда Бенчиќ во два сета (6-2, 6-0), потврдувајќи дека е една од најстабилните тенисерки на ВТА турнејата. Финалето помеѓу Аманда Анисимова и Ига Свионтек е закажано за денес, со почеток во 17:00 часот.
Светскиот тенисер број четири има пет титули од Грен слем турнирите во кариерата, од кои четири на Ролан Гарос, и ќе се обиде да ја освои својата прва титула на тревна подлога во Лондон. Од друга страна, Анисимова нема трофеи од четирите најважни турнири.




