Анисимова ѝ се одмазди на Швјонтек, Осака преку Мухова до полуфинале на УС Опен

Аманда Анисимова и Наоми Осака се пласираа и закажаа меѓусебно полуфинале на УС Опен. 

Американската претставничка Анисимова успеа да ѝ се одмазди на Ига Швјонтек за убедливиот пораз во финалето на Вимблдон од 2-0 (6-0, 6-0), па во два сета ја елиминира од последниот Грен слем оваа година. Анисимова го доби првиот сет со 6-4, а вториот со 6-3 и по час и 38 минути си обезбеди пласман понатаму. 

Наоми Осака по петти пат во кариерата ќе игра Грен слем полуфинале, откако ја елиминира Каролина Мухова (2-0). Јапонката во тесна битка беше поуспешна од ривалката од Чешка, првиот сет го доби со 6-4, а во вториот се играше тај-брејк кој ѝ припадна на Осака (7-3). 

Полуфиналето меѓу Осака и Анисимова се игра веќе вечерва, најрано во терминот од 02:30 часот по полноќ.

ФОТО/PHOTO: US Open Tennis/Twitter