Андреева лесно ја преслуша Баптист и обезбеди осминафинале во Лондон

Седмата светска тенисерка, Русинката Мира Андреева, се пласираше во осминафиналето на Вимблдон, откако славеше победа над Американката Хејли Баптист со 2-0, по сетови 6-1 и 6-3. 

Андреева бргу ја покажа својата сила и не ѝ дозволи на ривалката да се надева на нешто повеќе, заокружувајќи ја мисијата за еден час и 19 минути. 

Русинката дури петпати ѝ го одзема сервисот на Баптист и сосема заслужено се најде во следната фаза, каде ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Ема Наваро и Барбора Крејчикова

ФОТО/PHOTO: Wimbledon/Twitter/X