• Горан Упале
Руската тенисерка Мира Андреева се пласираше во финалето на Мастерсот во Индијан Велс. Талентираната 17-годишна тенисерка направи голем резултат во полуфиналето елиминирајќи ја Ига Швјонтек од Полска со 2-1, по сетови 7-6/1, 1-6, 6-3.
За веќе формираниот шампионски менталитет сведочи и реакцијата на Русинката на крајот од првиот сет кога сервираше за сет при 5-4, но ѝ дозволи на противничката да се врати. Тоа не ја спречи да одигра моќно во тај-брејкот и на фаворизираната ривалка да ѝ препушти само еден поен. Швјонтек го пронајде својот ритам во вториот сет, но тоа беше само привремен блесок против, разиграната Андреева. Тоа ќе биде нејзино второ последователно големо финале, откако претходно го освои турнирот во Дубаи.
Нејзина ривалка за новата титула ќе биде најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, која во претходните три меча, успеа да ја совлада само еднаш. Каков и да биде резултатот од тој меч, нема сомнеж дека женскиот тенис добива нова ѕвезда.