• Зоран Мишевски

Ана Митевска е единствената македонска тенисерка учесничка на Европското првенство што се игра во Парма за тенисери и тенисерки до 16 години. Таа во меч од второто коло ја победи Елена Торбица од БиХ со 2-0 во сетови (6-0, 6-0). Во следната рунда ќе игра со победничката од мечот Мари Лапима од Естонија и Дафне Перикард од Франција.
Зара Зафировска во мечот од втората рунда загуби од 14-та носителка Аделина Лахинова од Летонија со 2-0 во сетови (7-5, 6-1).
Двајцата претставници кај момчињата ги загубија мечевите. Кристијан Јанев загуби во првото коло од Дује Марковина од Хрватска со 2-0 (6-1, 6-2), додека Амар Хусеиновиќ загуби од 14-ти носител Јан Саџек од Полска со 2-0 во сетови (6-4, 7-6/5.
Македонските дублови утре ќе играат мечеви од првото коло. Зара Зафровска и Ана Митевска ќе играат против италијанските тенисерки Каролина Гасперини и Илари Пистоло од Италија, а Амар Хусеиновиќ и Кристијан Јанев за ривали ги имаат врсниците Хајдер Чем Гокпинар и Керем Јилмаз од Турција.