• Саше Љолес

Новак Ѓоковиќ пропушта уште еден голем турнир поради тоа што не е вакциниран против корона вирусот, а овој пат нема да настапи на престижниот АТП турнир во Индијан Велс.
Србинот имаше големи проблеми уште со забраната за учество на Австралија Опен минатата година, а сега му беше забранет влез и во Соединетите Американски Држави. Тој во неколку наврати изјавуваше дека нема намера да се вакцинира, дури и по цена да му забранат настап на сите можни тениски турнири во светот.
Рон Де Сантис, американски гувернер од државата Флорида почнал сериозно да лобира за „специјална дозвола“ за Ѓоковиќ, која би му дозволила влез во Сoeдинетите Американски Држави и учество на следниот силен турнир што треба да се игра во Мајами, а започнува на 22 март.
Гувернерот изјавил дека многу сериозни луѓе се занимаваат со овој проблем и се надева дека ќе успеат да го убедат претседателот Бајден да ја повлече забраната за патување на невакцинирани туристи во Соединетите Американски Држави.
„Ѓоковиќ е извонреден спортист, навистина би сакал тој да заигра во нашата земја и сите да уживаме во неовиот талент. Би организирал специјален брод кој би го донел од Бахамите, ова го велам затоа што забраната важи само за патници кои доаѓаат по воздушен пат. Целата ситуација е непотребно комплицирана и небулозна“, изјави гувернерот Де Сантис.
Новак Ѓоковиќ загуби многу АТП поени, неиграјќи на неколку силни турнири, но сепак тој неодамна успеа да триумфира на отвореното првенство на Австралија и стигна до 22 Грен Слем во кариерата, со што се израмни со Шпанецот Рафаел Надал.