• Горан Упале
Томи Пол, заедно со Бен Шелтон една од главните надежи на американската тениска јавност на УС Опен, немаше многу проблеми на отворањето на турнирот.
Противник на четиринаесеттиот играч во светот во воведното коло беше младиот Данец Елмер Молер, кој не можеше сериозно да му се спротивстави и беше поразен со убедливи 3-0 (6-3, 6-3, 6-1). Во следната рунда Пол ќе игра против Нуно Богес, кој претходно во текот на ноќта го нокаутира Американецот, Брендан Холт, со максимални 3-0.
Стефанос Циципас исто така се пласира во второто коло на Отвореното првенство на Соединетите Американски Држави, откако славеше победа од 3-1 (4-6, 6-0, 6-1, 7-6) над Александар Милер од Франција.
Грчкиот тенисер започна многу лошо и го загуби првиот сет, но набрзо се консолидира, влезе во посакуваниот ритам и на доминантен начин го сврте натпреварот и стигна до заслужена победа.
Успешен старт имаше и Алекс Де Минор. Австралиецот го победи својот сонародник Кристофер О'Конел со убедливи 3-0 во сетови – 6-3, 6-4, 6-4. Де Минор ќе игра во второто коло против Јапонецот Мочизуки, кој го елиминираше Французинот Гастон со 3-0 во сетови.





