Американка приреди изненадување на УС Опен, ја елиминира петтата на свет! 

Американската тенисерка Тејлор Таунсенд приреди големо изненадување на Отвореното првенство на Сoединетите Американски Држави, откако ја елиминираше Мира Андреева. Таунсенд ја победи петторангираната тенисерка во светот во третото коло од Грен слемот во Њујорк, по 77 минути игра и два сета (7-5, 6-2).

Американката и Русинката водеа голема борба во првиот сет, а по почетната размена на брејкови, двете тенисерки беа сигурни во своите сервиси. Сепак, моментално 139. тенисерка во светот направи клучен брејк во единаесеттиот гем, а потоа со сигурен сервис се избори за предност од 1-0.

Оттогаш, сите нишки од играта беа во нејзини раце, иако во вториот сет Русинката поведе со 2-0 и прва направи брејк. Но, тоа беше сè што Андреева покажа во вториот сет. Таунсенд го засили ритамот и ги доби следните шест гема за историска победа и дуел со Барбора Крејчикова.

ФОТО/PHOTO: WTA (X)