Американка ја исфрли освојувачката на Вимблдон и ќе игра полуфинале во Њујорк

Медисон Кис ја исфрли освојувачката на Вимблдон во четвртфиналето на УС Опен. Американската тенисерка со 2-0 беше подобра од Маркета Вондроушова, пласирајќи се меѓу четирите најдобри на турнирот во Њујорк.

Домашната претставничка не се измачи премногу со ривалката од Чешка. Првиот сет Кис го доби со два брејка на стартот, поведе со 5-0 и веднаш потоа со 6-1 го затвори. 

Вондроушова пружи отпор во вториот сет. Се играше израмнето до деветтиот гем, кога Кис одново направи брејк кој веднаш во следниот гем го потврди. Така, Американката со 6-1 и 6-4 за 81 минута го реши четвртфиналниот дуел. 

Во полуфиналето Кис оди на мегдан со Арина Сабаленка