Алтмајер и Штруф ја испратија Германија во полуфиналето на Дејвис Купот

Машката тениска репрезентација на Германија обезбеди пласман меѓу четирите најдобри на завршниот турнир од Дејвис Купот, откако во четвртфиналето со севкупни 2-0 ја совладаа селекцијата на Канада. 

Првиот поен за Германците го донесе Даниел Алтмајер со победата над Габриел Диало со 2-0, по сетови 7-6/5 и 6-4, а одлучувачкиот триумф го заокружи Јан-Ленард Штрумф, кој славеше над Денис Шаповалов со 2-1, по сетови 4-6, 7-5 и 7-6/5. 

Германија во полуфиналето ќе се сретне со селекцијата на Холандија, која ја совлада Шпанија со 2-1 во мечот на кој во пензија замина славниот Рафаел Надал. Алтмајер и Штруф прикажаа солидни партии на турнирот и имаат можност да стигнат до финалето. Нивната земја е трикратен шампион во Дејвис Купот, но последната титула беше освоена во далечната 1993 година. 

На програмата остануваат уште две четвртфиналиња. Актуелниот првак Италија игра против Аргентина, додека Австралија ќе ги одмери силите со Соединетите Американски Држави.