• Иван Димовски
Карлос Алкараз по пласманот во финалето на Мастерсот во Рим се осврна и на Новак Ѓоковиќ. Младиот Шпанец смета дека ветеранот од Србија има цел да заигра на Олимписките игри кои за три години ќе се одржат во Лос Анџелес.
„Верувам дека физички е во одлична форма, сè ќе зависи од него. Доста сум сигурен дека неговата цел е да игра на уште едни Олимписки игри и верувам дека тоа е остварливо. Добро го одржува своето тело за да остане 100% подготвен. Ако успее во тоа, сигурен сум дека може да настапи. Би бил многу среќен ако го гледаме уште неколку години на АТП турнејата, да споделуваме добри моменти и големи турнири. Би бил навистина среќен ако се случи тоа“, рече Алкараз.
Токму Алкараз и Ѓоковиќ играа за златото на Игрите во Париз минатото лето, а победа извојува српскиот ас.
ФОТО/PHOTO: Internazionali BNL d'Italia