Алкараз за Ѓоковиќ: „Тој е како Бог на тенисот...“

Младиот шпански ас Карлос Алкараз се враќа на тениските терени по паузата поради повреда. Поранешниот светски рекет број еден ќе заигра на АТП турнирот во Буенос Аирес, а неговиот кам-бек го чекаат многу луѓе во овој спорт. 

Во пресрет на настапот во Аргентина, Алкараз зборуваше на повеќе теми, па се осврна и на Новак Ѓоковиќ. 

„Јас минав доста време на врвот, на првото место. Сега целта ми е да се вратам таму и да дадам максимум на претстојните турнири. 

Новак нема слабости. Секој удар му е исклучителен, неговата физичка подготвеност и менталната стабилност се беспрекорни. Тој е како Бог, со години му се восхитував бидејќи успеа да остане на исто нив, при врвот. Тоа е навистина многу тешко“, кажа Алкараз.

Алкараз во повеќе наврати покажа почит кон сите членови на „големата тројка“. Шпанецот ги почитува достигнувањата на Ѓоковиќ, Надал и Федерер, меѓутоа нема сомнеж дека цели да ги достигне нивните висини.