ВИДЕО: Алкараз водеше и се „распадна“, Синер го крена трофејот во Умаг

Во финалето на АТП турнирот кој се одигра во хрватскиот град Умаг, Јаник Синер дојде до трофејот откако со пресврт го победи Карлос Алкараз со 2-1 (6-7, 6-1, 6-1). 

Шпанецот добро отвори, првиот сет го доби по тај-брејк откако ниту еден тенисер не загуби гем на свој сервис. Синер беше солиден и во доигрувањето, но Алкараз го реши во своја корист и со 7-5 дојде до предност. 

Сепак, играта на младиот тенисер се „распадна“. Синер во вториот сет со три брејка и убедливи 6-1 успеа да израмни, за потоа во иста мера со два одземени противнички сервиси да ја искористи првата меч топка и вторпат со 6-1 да ја потврди победата. 

Алкараз беше бранител на трофејот во Хрватска, меѓутоа Синер со добра игра ја обезбеди својата шеста АТП титула.