Алкараз: Ти благодарам Новак, ти си вечна инспирација за мојата кариера!

Шпанецот Карлос Алкараз ѝ се обрати на публиката во Мелбурн веднаш по првиот освоен трофеј на Австралија Опен. Првиот светски рекет не го криеше задоволството од успехот, но не испушти да го пофали и својот ривал во финалето, Новак Ѓоковиќ

Алкараз победи во четири сета и првпат се искачи на највисокото место на овој Грен-Слем, нешто што го прави особено горд. 

„Новак зборуваше за тоа како дојдов овде да бидам успешен, ме инспирираше и ми даде мотивација. Тоа што го гледав од тебе и твојот тим, ме правеше уште посилен. Ти благодарам што си огромна инспирација за мене и за мојата кариера. 

Никој не знае колку напорно работевме за да дојдеме до овој момент. Се фокусиравме на овој турнир и не обрнувавме внимание што зборуваат луѓето. Чувствувавме притисок, но во позитивна смисла. Не би издвоил никого, едноставно овој успех е за целиот мој тим. 

Чудно беше да го гледаме Рафа на трибините, а не на теренот. Надал е вистинска легенда, драго ми е што е тука и може да го сподели овој успех со мене. Навистина сум почестен. Благодарност до организаторите, бевме дел од еден неверојатен турнир. Се гледаме следната година“, изјави Алкараз. 

Младиот Шпанец сега се фокусира на следните предизвици во сезоната, каде сигурно ќе биде фаворит број еден на сите турнири во календарот.