• Горан Упале
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз имаше успешен старт на Отвореното првенство на САД, победувајќи го Рајли Опелка со 3-0 во сетови. Еден од главните фаворити за трофејот во Њујорк славеше по нешто повеќе од два часа игра, 6-4, 7-5, 6-4.
Американецот се бореше чесно, држејќи чекор со шампионот од 2022 година во поголемиот дел од трите сета, но Шпанецот го засилуваше притисокот кога беше потребно и ги доби сетовите во своја корист.
Во првиот сет, Опелка играше храбро, „пукајќи“ од сите позиции, но правејќи и чести грешки. Тоа Алкараз го искористи и со 6-4 поведе со 1-0. Најнеизвесно беше во вториот сет, во кој се играа дванаесет гема, а Алкараз во финишот освои единаесет поени во низа и „побегна“ на 2-0 во сетови. Во последниот сет Опелка прв се закани, но не ја одбрани бреј-предноста, па на крај беше приморан да му честита на противникот за победата. Инаку, Алкараз ги изненади сите со својот имиџ и новата фризура.
Carlos Alcaraz is literally a walking cheat code.
How is this even fair?pic.twitter.com/Kt5spYzfo7
— Swish Tennis (@Zwxsh) August 26, 2025
Ривал на Алкараз во второто коло од Отвореното првенство на САД ќе биде Италијанецот Матија Белучи, кој го победи Јунчен Шенга.
ФОТО/PHOTO: Carlos Alcaraz (Х)




