• Мартин Танасковски
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз обезбеди следна рунда на Мастерс-турнирот од категоријата 1000 кој се игра во Париз, Франција.
Еден од најдобрите светски тенисери славеше над Чилеанецот Николас Јари со 2-0 во сетови, со резултат 7-5, 6-1. Првиот сет ривалот беше покомпетитивен, а во вториот доби тениска лекција. Дуелот во Париз траеше еден час и 32 минути.
Во следната рунда на турнирот Алкараз ќе се соочи со Уго Умберт или Маркос Жирон.