Алкараз со пресврт во четири сета го победи Пол за полуфинале

Третиот светски тенисер на АТП рангирањето, Карлос Алкараз се пласира во полуфиналето на Вимблдон, откако по три часа и 14 минути борба го исфрли Томи Пол во четири сета (3-1). 

Уште на стартот тенисерите си разменија по еден брејк, а потоа во израмнето надигрување Пол со уште еден одземен сервис дојде до 7-5 и неочекувано водство. Американецот го отвори добро и вториот сет, направи брејк, ама веднаш дозволи ри-брејк. Алкараз потоа се консолидира и со 6-4 ја врати средбата на „нула“. 

Третиот и четвртиот сет беа одиграни поубедливо од страна на Алкараз. Шпанецот со три одземени гема на противнички сервис со 6-2 успеа да поведе. Со слично темпо фаворитот го одигра и четвртиот сет, па одново со 6-2 го затвори мечот во своја корист. 

Во полуфиналето Алкараз оди на мегдан со Медведев кој го доби маратонот против првиот светски рекет Синер.