• Саше Љолес
Шпанецот Карлос Алкараз веќе ги врши последните подготовки пред настапот на УС Опен, а пред да го одигра првиот натпревар се појави и снимка што предизвика големо внимание.
На снимката се гледа како младиот тенисер се среќава со свештеникот Дон Луиџи Портаруло. Во краток ритуал, свештеникот ги подигна рацете пред Шпанецот, изговори молитва и на крајот го благослови со света вода.
Сѐ уште не е потврдено дали Дон Луиџи Портаруло е парох во Њујорк или свештеник од италијанскиот град Берналда кој допатувал во САД, но фотографиите и снимката што ги објави станаа вирални на социјалните мрежи.
Алкараз ќе го стартува својот настап на УС Опен со мечот од првото коло, каде за противник ќе го има Рајли Опелка од Соединетите Американски Држави.



