Алкараз со гневен коментар: Пеколниот распоред може да нѐ убие!

Професионалните тенисери сѐ почесто го искажуваат својот гнев поради густиот календар во сезоната, а последен таков случај беше со Карлос Алкараз, кој „распали“ по Светската организација (АТП) и изнесе низа критики на нивна адреса. 

„Мислам дека сакаат да нѐ убијат со овој распоред. Некои велат дека не уживам голема репутација во светскиот тенис и не треба да зборувам, но морам да го искажам тоа што го чувствувам. 

Ние сме многу млади и сакаме да се докажуваме на најдобрите турнири, но во исто време сакаме понекогаш да сме слободни и да уживаме во убавините на животот.

Жртвата е секако голема и нема да престанеме сѐ додека можеме да играме. Тоа можам да го потврдам уште сега“, категоричен е Алкараз. 

АТП ги задолжува најдобрите тенисери да настапат на сите четири Грен-Слем турнири во годината, но да учествуваат и на најмалку осум од деветте Мастерс турнири. Во распоредот имаат и уште четири турнири од серијата 500, а еден од овие турнири мора да биде по одржувањето на УС Опен.