• Иван Димовски
Карлос Алкараз го доби дерби мечот во полуфиналето на АТП турнирот во Пекинг против Данил Медведев.
Со оваа победа Шпанецот му направи „услуга“ на Новак Ѓоковиќ. Србинот во моментов е четвртопласиран на АТП рангирањето, меѓутоа не игра на турнири и прави пауза. Поради тоа, тој ризикуваше дополнително да падне на ранг-листата.
Сепак, тој е безбеден по турнирите во Пекинг и Токио, бидејќи беше под закана само од Данил Медведев. Во случај Русинот да го освоеше АТП Пекинг, ќе го прескокнеше Ѓоковиќ.
Мала е веројатноста дека врвот на АТП ранкингот ќе се смени и по Мастерсот во Шангај кој стартува оваа седмида.