Алкараз: Сакам да сум прв на АТП листата и по истекот на оваа сезона!

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз очекува успешен настап на Мастерсот во Монте Карло, истакнувајќи дека главната цел му е да ужива во играта и да се врати во ритам по променливите резултати.

Првиот светски рекет изјави дека е подготвен за сериозни предизвици, со надеж да се задржи на врвот на АТП листата и по истекот на новата сезона. 

„Среќен сум што сум тука, ова е турнир што навистина го сакам. Ќе се обидам да уживам на теренот и да играм најдобар тенис без притисок. Турнирите на земја се нешто посебно, сакам да бидам успешен и да ја завршам и оваа сезона како прв тенисер во светот“, изјави Алкараз. 

Турнирот во Монте Карло трае од петти до 12 април. Алкараз во првото коло го победи Аргентинецот Себастијан Баез, а во следната рунда ќе сретне со неговиот сонародник, Томас Мартин Ечевери.