• Зоран Мишевски
Карлос Алкараз со епски пресврт и по пет ипол часовна битка го одбрани трофејот на Ролан Гарос, откако го совлада Јаник Синер во пет сета (3-2) на „Филип Шатрие“. Иако првиот светски рекет отвори одлично поведе со 2-0 во сетови, но потоа се Шпанецот се крена и режира пресврт.
Синер започна моќно и брзо го реши првиот сет во своја полза. Но, веќе во средишницата на вториот работите почнаа да се менуваа. Алкараз го анулира брејкот на светскиот рекет број еден и го доведе мечот во тај-брејк. Следеше игра на нерви, во која Синер беше помирен и со 7-4 го доби тринаесеттиот гем.
Како почна третиот сет се чинеше дека финалето брзо ќе заврши. Синер направи брејк и имаше чист пат кон победа. Но, тенисерот од Мурсија реагираше, освои четири гема и, како и во вториот сет, имаше предност во мечот. Сепак, историјата се повтори и Италијанецот се врати во игра, одземајќи го сервисот на ривалот во деветтиот гем. Кога најмногу требаше Алкараз направи брејк во десеттиот гем и го освои третиот сет, комплетно враќајќи се во мечот.
Во четвртиот сет се играше израмнето до седмиот гем, кога Синер го одзеде сервисот на Алкараз и се чинеше дека ќе го заврши мечот. Дури и Италијанецот сервираше за меч, но Алкараз се врати и одбрани три меч-топки, а потоа направи и брејк. Сетот влезе во тај-брејк во кој шпанскиот тенисер беше подобар и со 7-3 го комплетира кам-бекот.
Одлично Алкараз го отвори и петтиот решавачки сет, освои гем на противнички сервис и потоа поведе со 2-0. Се обидуваше Синер да се врати, имаше две брејк-топки и не ги искористи, па сетот дојде до самата завршница. Алкараз првпат сервираше за сет и меч во десеттиот гем, а дури тогаш првиот светски рекет успеа да израмни. До крајот немаше разврска, па се прејде во супер тај-брејк. Во доигрувањето шпанскиот ас беше перфектен, не му дозволи на Синер апсолутно ништо и со три мини-брејка стигна до предност од 7-0. Од првата меч-топка Карлос Алкараз успеа да стигне до победата и го освои петтиот Грен слем трофеј!
ФОТО/PHOTO: Roland Garros/Twitter