• Иван Димовски
Карлос Алкараз пружи сериозен отпор во финалето на тенискиот турнир на Олимписките игри, но загуби од Новак Ѓоковиќ со 2-0 по два тај-брејка. Шпанецот освои сребро и беше разочаран по последниот поен, меѓутоа во разговорот по мечот нагласи дека Ѓоковиќ го заслужува ова злато.
„Боли кога ќе загубите на овој начин. Дадов сè од себе. Имав свои шанси дури и да бидам во предност, но не успеав да ги искористам. Новак одигра неверојатно, тој го заслужи овој златен медал.
Во тешките моменти на мечевите игра на повисоко ниво. Погоди некои неверојатни удари, ова беше фантастична партија. Искрено, разочаран сум поради поразот, ама си одам со крената глава. Дадов сè што имав за себе и за Шпанија“, изјави Алкараз.
Оваа година Алкараз освои два Грен слем трофеи, на Ролан Гарос и Вимблдон, а сега во Париз мораше да се задоволи со сребро.