• Горан Упале
Новак Ѓоковиќ против Карлос Алкараз - вторпат во кариерата. Премиерниот меч, во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, Шпанецот го доби пред нешто повеќе од една година, а денес Ѓоковиќ има можност да му се реваншира и да обезбеди пласман во големото финале на Ролан Гарос.
Задачата на Ноле е тешка, најтешка, но не е ниту лесно да се победи Србинот во три сета. Играчот број еден во светот против третиот, а од понеделник погледот на АТП листата би можел да биде поинаков.
„Алкараз е полн со самодоверба и е во одлична форма, физички и технички. Тоа ме потсетува на супериорноста на Роџер Федерер на крајот на 2003 година, а особено во 2004 година. Тогаш моравме да чекаме нова генерација за некој да му парира на Роџер. Чувствувам дека случајот со Карлос ќе биде сличен“, изјави Тони Надал, вујко и поранешен тренер на Рафаел Надал.
Во второто полуфинале ќе се сретнат Александар Зверев и Каспер Руд.