Алкараз по неверојатниот пораз: Не ми е јасно што се случи

Шпанскиот тенисер Карлос Алкаеаз доживеа тежок пораз од Јаник Синер во финалето на турнирот во Умаг, иако беше во многу добра позиција.

Од денес четвртиот играч во светот, водеше со 1-0 во сетови, а во третиот гем од вториот сет имаше дури шест брејк топки. Тоа беше клучен гем, во кој Алкарас не успеа да му го одземе сервисот на ривалот, а до крајот на мечот освои само уште еден гем.

„Тој гем беше клучен на натпреварот. Имав прилики кои не ги искористив. Се разбира, против играч како Јаник тешко е да се победи ако не се искористат шансите. По тој гем, тој почна подобро да се игра. Не можев да го најдам вистинскиот сервис. Не најдов начин да играм против него. Почнав да пропуштам многу, не ми е јасно што се случи“, изјави Алкарас.

На последната ранг-листа на АТП Алкараз е четврти, а Синер десетти тенисер во светот.