• Иван Димовски

Младиот тениски ас Карлос Алкараз заработи нова повреда и ќе прескокне уште еден турнир. Откако на стартот на годината не беше во можност да игра на Австралија Опен, Шпанецот се врати и стигна до финалето во Рио де Жанеиро.
Сепак, тој заработи повреда на задниот бутен мускул и поради тоа ќе мора да паузира. Алкараз најави дека ќе мора да го прескокне планираниот турнир во Акапулко.
„За жал не сум во можност да играм во Акапулко. По тестовите кои ги направив, ќе морам да паузирам неколку дена. Жал ми е што не можам да се натпреварувам во Мексико, но моментално најважно ми е да заздравам што побргу. Се надевам дека ќе се видиме наскоро“, напиша 19-годишникот.
Алкараз, кој минатата година беше и прв светски рекет, оваа не ја започна идеално и се мачи со повреди.